Од СВР Струмица информираат дека синоќа околу полноќ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.К.(38) од село Секирник, струмичко. За лицето имало распишано потерница од Затвор Куманово за издржување затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело „Разбојништво“.