Утрово во 08:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум, информираат од СВР Струмица.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.