Во среда со почеток во 20:00 часот во Амфитеатарот во Струмица ќе биде изведена претставата за деца „Разгалениот принц“.
Оваа претстава за деца има преку 60 изведби ширум земјата, а е дел од летната турнеја која ја организира театар Хит.
Детската интерактивна комедија „Разгалениот принц“ покрај многу хумор, песна и прекрасна визуелизација испраќа јасна порака до сите деца дека правата на детето, но и обврските се најважно нешто.
Во оваа претстава играат познатите актери: Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.
Автор и режисер е актерот Сашо Ристовски, а сценската визуелизација е на Диди.
Во среда (21 август) во 20:00 часот влезот за претставата е слободен.
Овој културен настан е поддржан од Фондација „Заев – Едно општество за сите“, а просторот го обезбеди Општина Струмица.