Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов заедно со раководството на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Струмица, ги посетија штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, како корисниците на Дневниот центар за деца со посебни потреби.
„Заедно со скромните подароци ги поделивме желбите за добро здравје, среќа и радост во Новата 2024 година. Нашето искрено пријателство е основа на секоја наша идеја, на секој проект и активност. Посакуваме Новата 2024 година да ни биде година за развивање на пријателства, добра соработка со сите, грижа за ближните и многу заеднички успеси“, напиша Дрвошанов во својата објава на Фејсбук.