Денеска (23.02.2023) во 08:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага, информираат од струмичката полиција.
Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.