Вчера попладнето во 16:45 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.