СВР Струмица информира дека вчера попладне во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(41) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство во Струмица.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.