четврток, 3 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во посета на струмичкиот регион

недела, 30 март, 2025 | 14:29
in Вести, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во посета на струмичкиот регион

Во рамките на акцијата „Каде што срцето е дома“, организирана од Министерството за локална самоуправа, денеска на увид во градежните активности на изградбата на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево, во општина Ново Село присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

„Овој проект е од исклучително значење за локалната заедница, бидејќи ќе овозможи подобра инфраструктура за рекреација, спорт и активен туризам, со што ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе се искористи природниот потенцијал на овој регион“ – кажа премиерот Мицкоски, потенцирајќи дека овие капитални инвестиции се и добра можност и за економијата за да може да се задвижи.

„Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на градоначалниците од овој регион коишто се со нас тука денес и да им посакам уште повеќе проекти да можеме да реализираме за интерес на граѓаните, да му честитам на ресорниот министер, на советниците во советите, на администрацијата којашто ги подготвува овие проекти и да им посакам многу вакви проекти“ – додаде Мицкоски.

Тој упати и апел до градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов да ја искористи можноста за вториот повик и да аплицира со проекти.

„Не е време за политиканство, време е да се работи за граѓаните. Помина времето кога Македонија се крадеше, понижуваше, омаловажуваше, засрамуваше сега е време кога треба да се гради без разлика што тој можеби во некој внатрепартиски предизборен занес се обидува да ја критикува Владата, во ред тоа е негово право и тоа практично тој може да го прави, но го замолувам лично и од името на Владата да достави проекти, нормално да не биде како во првиот повик согласно критериумите да достави проекти за да можеме и тие проекти да ги исфинансираме и за Општина Струмица, а ќе продолжиме да ги финансираме проектите слушнавте и во Ново Село и во Босилово и во Василево, така што нема заборавени делови како што кажа министерот за локална самоуправа“ – додаде премиерот Мицкоски.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа

Next Post

Градоначалникот Костадинов со реакција на изјавата на премиерот Мицкоски: Досега имаме аплицирано со 13 проекти

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
Вести

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

среда, 2 јули, 2025 | 22:38
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Босилово

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево

среда, 2 јули, 2025 | 21:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

среда, 2 јули, 2025 | 20:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Василево

Сообраќајка на патот Радовиш – Струмица, возачот се здобил со тешки телесни повреди

среда, 2 јули, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56

ТОП ВЕСТИ

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist