Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Струмица.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 08.02.2024 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честички е прекината во Струмица“, стои во соопштението.
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.