Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека утрово е настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Браќа Миладинови“ во градот Струмица. Екипите работат на отстранување на дефектот. Корисниците од улицата „Браќа Миладинови“ на пазарот „Чешел“ ќе бидат без вода до 12:00 часот, кога се очекува да се нормализира водоснабдувањето.