Камерниот оркестар на Битола на 28 декември (четврток) во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица од 20:00 часот ќе одржи Предновогодишен концерт, на кој ќе бидат изведени најдобрите македонски хитови во изведба на Камерниот оркестар, Александра Јанева, Славица Ангелова, Лара Иванова, Ана Петановска и Ристо Самарџиев.
Започнете ја новогодишната магија со звуците на нашата македонска музика и песните кои ги обележаа нашите генерации.
Обезбедете ги вашите влезници на време и подгответе се за незаборавна ноќ полна со магија и музика!
Влезниците по цена од 250 денари се продаваат на билетара на НУЦК „Антон Панов“ и во просториите на Eventum на старата струмичка чаршија.