Синоќа околу полноќ на регионалниот пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско, информираат од струмичката полиција.
По несреќата Р.С. била пренесена во болницата во Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.