Вчера попладне во 16:20 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кој минува низ селото Дабиле, струмичко, патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(35) од Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од Дабиле. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Општа болница Струмица. Увид на местото на незгодата бил извршен од екипа од СВР Струмица.