Најстудено изутринава во 07:00 часот било во Берово каде се измерени -5 степени, по што следат со -4 Прилеп, -3 Струмица и Виница, -2 Битола и -1 Тетово, Штип, Дебар и Лазарополе.
Во текот на ноќта и утрово во голем дел од земјава преовладува ведро време. По котлините (особено Полог, Пелагонија, Скопје, Куманово, централниот дел на Повардарието) има појава на магла со намалена видливост под 200 метри.
Во најголем дел од земјава времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе се задржи појавата на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалуваат. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.