Синоќа, првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ беше обоена со најискрените чувства – вечер во чест на младиот струмичанец Џоко Ѓоргиев, член на бендот на ДНК, кој трагично загина во страотниот пожар во Кочани.
Чувство на среќа на повторно се обединување, тага и солзи за изгубеното, но и гордост што неговото име продолжува да живее на сцената – меѓу тапани и гитари, во срцата на младите струмичани кои ја носат неговата музичка приказна понатаму.
Џоко многу години ја делеше сцената на „Струмица Опен Фестивал“ со своите колеги, оставајќи трага и спомени кои денес се дел од срцето на фестивалот.
Со настапите на Летната школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“ и YU For You, музиката стана мост меѓу спомените и сегашноста, а публиката беше дел од овој мозаик составен од љубов, почит и пријателство.
Струмица синоќа докажа – кога се обединуваме, сме посилни. И кога пееме заедно, Џоко е тука.