После специјалната награда добиена во Србија, следуваат нови успеси за младиот пијанист Стефан Ончев од Струмица.
Прва награда и покана за рецитал во Њујорк, САД за младиот Стефан Ончев од страна на организаторот на „International Youth Music Competitions“.
„Драг Стефан, одлично го доловивте романтичниот стил на композицијата со добра употреба на рубато и прекрасни фрази што беа добро обликувани. Ритамот со дуолите во десна рака и осмините во лева рака, беше добро координиран. Раскажавте прекрасна приказна користејќи експресивна динамика и промени во темпото. Во целина вашата изведба беше прекрасна и убедлива. Продолжете со добрата работа и најдобри желби за успех во иднина“, стои во образложението и коментарот на стручното жири кое ги оценуваа натпреварувачите.
Инаку Стефан е шестоодделенец во струмичкото основно музичкото училиште „Боро Џони“, во класата на проф. Ана Тимова.