Домот за стари лица „Свети Јован“ во Струмица организираше осмомартовска забава за дамите кои престојуваат во овој дом, упатувајќи им честитки по повод празникот на жената со најубавиот подарок за секоја жена – саксија со цвеќе.
„Ден на нашите мајки, сестри, баби, сопруги, ќерки, колешки, другарки, пријателки… кои имаат тивко, но огромно влијание во нашите животи и општеството“ – напишаа од Домот за стари лица „Свети Јован“, упатувајќи и честитки до сите жени со љубов и почит кон нив.