петок, 11 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Почнува карневалската недела во Струмица – објавен редоследот на карневалските групи на главната карневалска вечер

вторник, 25 февруари, 2025 | 09:27
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Почнува карневалската недела во Струмица – објавен редоследот на карневалските групи на главната карневалска вечер

Почнува карневалското празнување во Струмица, годинава 35 години организирана форма на Струмичкиот карневал, која е вековна традиција на струмичани.

Интернационалното карневалско дефиле ќе се одржи на 1 март (сабота), низ улиците на Струмица. Претходната вечер е Маскенбалот со избор на принц и принцеза, збогатен со карневалистите од странство кои ќе се претстават пред маскираните струмичани.

Утре, среда 26 февруари ќе почне карневалската недела. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во 18:00 часот ќе им го предаде клучот од градот на карневалистите и со тоа една недела тие „ќе управуваат“ со градот, а веднаш потоа (19:00 часот) во Градската Уметничка галерија ќе биде отворена изложба „35 години од обновената организирана форма на Струмичкиот карневал“. Во 19:30 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде поставена изложба на карневалските маски на СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица.

„Концертот под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“ по 15-ти пат ќе се одржи на 27 февруари (четврток), со два концерти, во 18:00 и 20:00 часот. Маскенбалот е во петок во хотелот „Сириус“.

По главната карневалска вечер, недела на Прочка од 11:00 часот е Детскиот карневал. Следниот ден Чист понеделник, со варење бел грав на плоштадот во Струмица и делење ручок во 13:00 часот, а претходно во 12:00 часот ќе бидат објавени наградените карневалски маски. Истиот ден во 19:30 часот ќе биде отворена изложба од 26-от Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2025“ и ќе бидат доделени наградите на најдобрите творби.

На традиционалниот ден на Струмичкиот карневал, во вторник од 18:00 часот ќе се одржи традиционалното Карневалско корзо со наградените карневалисти, а во 19:00 часот доделување на наградите на најдобрите карневалски маски од годинашното издание.

Во среда се тримерските празнувања, односно во 12:00 часот во Центарот за култура ќе има тримерски ручок и мал концерт на „Распеани Струмичани“, а во 13:00 часот ќе му биде вратен клучот од градот на градоначалникот со што завршува карневалската недела во Струмица.

На Струмичкиот карневал 2025-та ќе се претстават 34 карневалски групи и една поединечна маска со вкупно 1058 учесници од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, а најмногу ќе бидат струмичките карневалисти, секогаш со своите креативни и атрактивни маски.

ПРОГРАМА на Струмички карневал 2025>>>

ShareTweetShare
Previous Post

Златна плакета за најдобра карикатура за Иваило Цветков од Бугарија – Златна плакета за најдобар афоризам за Јово Николиќ од Босна и Херцеговина

Next Post

Полицијата приведе 18-годишно момче, кај него дома биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, предмети со остатоци од марихуана

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist