Со вклучување на светилките на новогодишната елка на градскиот плоштад, во Струмица официјално започна предновогодишната еуфорија. Празничната декорација го осветли центарот на градот и донесе вистинска новогодишна атмосфера, привлекувајќи голем број граѓани, семејства и најмлади посетители.
Елката, украсена со светлечки елементи стана централна точка на вечерното собирање, каде што се чувствуваше духот на празниците и радоста во пресрет на Новата година. Плоштадот беше исполнет со насмевки, фотографии и дружење, а најмногу се радуваа децата.
Со ова, Струмица влегува во празничен ритам, а во наредните денови се очекуваат и дополнителни новогодишни содржини и настани кои ќе ја збогатат програмата и ќе придонесат за уште поголема празнична магија во градот, најави вечерва градоначалникот на Струмица, Петар Јанков. /Р.Ѓ./




























