На меѓународниот Ден на лицата со попреченост, на синоќешната 6-та Манифестација „Убави сме, свои сме“, Здружението „Вера“ и „Мобилност“ од Струмица на човекот кој прерано замина од овој свет, фитнес тренерот Здравко Јовановски, постхумно му доделија Плакета за големиот придонес кој тој го правеше кон децата со посебни потреби.
Како што кажа Анче Туфекчиева, Здравко беше единствениот што се нафати да работи со децата во малата импровизирана фитнес теретана, како дел од проектот – специјализиран фитнес центар за лица со попреченост „И ние постоиме“, преку RELOAD програмата финансирана од ЕУ, а спроведувана од УНДП и поддржан од Општина Струмица, а идејата за отворање на фитнес теретана беше откако биле одбиени да спортуваат во повеќе фитнес центри во градот, па ја реализираа двете здружение „Вера“ и „Мобилност“ во соработка со Здравко Јовановски.
Плакетата ја прими неговата сопруга Елена, која изрази голема благодарност до здруженијата „Вера“ и „Мобилност“ и децата со посебни потреби со кои Здравко со љубов работеше, а тие секогаш му возвраќаа со љубов и почит.