Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев на социјалните мрежи објави дека денеска бил во посета на сите основни училишта на територијата на општината, ги посетил деветтоодделенците кои го завршуваат основното образование и на секој полуматурант им подарил рачен часовник, донација од Емил Мијалов, Македонец од Босилово кој живее и работи во Швајцарија.