Синоќа по полноќ полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетни лица после 24:00 часот и точење алкохол на малолетник. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.