Од СВР Струмица информираат дека вчера околу 16:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „Шевролет спарк“, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В.(53) од Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.