вторник, 9 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Полициски службеници спроведуваат превентивна активност под мотото „Носи кацига – вози безбедно“

четврток, 11 јули, 2024 | 15:37
in Вести, Струмица
Полициски службеници спроведуваат превентивна активност под мотото „Носи кацига – вози безбедно“

На повеќе локации на подрачјето на Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица спроведуваат превентивна активност под мотото „Носи кацига – вози безбедно“. Оваа активност се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај и Мото асоцијација на Македонија на МК Клубови.

Преку делење на летоци со едукативна содржина полициските службеници и советниците од РСБСП ги потсетуваат возачите на мотори, мопеди, но и на возачите на електрични тротинети на кои им е обврска да носат заштитни средства, како што е кацигата, со што значително ќе ја зголемат својата безбедност, односно носењето кацига може да го спаси нивниот живот.

„Во првите 6 месеци од минатата 2023 година на подрачјето на СВР Струмица имавме три жртви во сообраќајни несреќи кои управувале или се превезувале на мотор, а во шесте месеци од 2024 година не е случена сообраќајна несреќа со загинат мотоциклист, што ни дава за право да кажеме дека превентивните активности кои се спроведуваат влијаат на подигање на свеста кај оваа категорија учесници во сообраќајот“ – кажа Александра Трајанова, портпарол на СВР Струмица.

Таа потенцира дека покрај превентивните акции, на подрачјето на СВР Струмица продолжуваат и засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Ова се однесува и на возачите на мотори, мопеди и електрични тротинети.

„Како резултат на овие засилени контроли во месец јуни оваа година на подрачје на Струмица се санкционирани 66 возачи кои не користеле кацига, а во месец јуни 2023 година бројот на санкционирани возачи кои не носеле кацига бил 45“ – додаде Трајанова.

ShareTweetShare
Previous Post

Поради топлото време Владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Next Post

Утре дел од Нова Маала ќе биде без електрична енергија од 10 до 14 часот

Related Posts

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38
Нека ни е честит Денот на независноста
Вести

Нека ни е честит Денот на независноста

понеделник, 8 септември, 2025 | 08:06

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist