понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Полициска акција низ Македонија – приведени 26 лица, петмина на подрачјето на СВР Струмица

сабота, 11 февруари, 2023 | 11:26
in Вести, ВЕСТИ од Македонија, Струмица

МВР информира дека во изминатите два дена биле спроведени координирани зајакнати активности за откривање на сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, при што лишени од слобода се 26 лица.

Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со Секторите за внатрешни работи извршени се претреси на домпви и други простории, и тоа кај три лица на подрачјето на СВР Скопје, кај пет лица во СВР Куманово, кај осум лица во СВР Охрид, кај 10 лицаво СВР Битола, кај пет лица во СВР Струмица, шест лица во СВР Велес, шест лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип.

„Во активностите се опфатени 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје, а претресите се извршени во 46 куќи и помошни простории, седум станови, пет патнички моторни возила и два деловни објекта во 29 општини и градот Скопје“, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

За време на претресите беше пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, три ловни карабини и една воздушна пушка, еден пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, седум рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178.000 денари кои потекнуваат од продажба на дрога.

По итна постапка поднесена е кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, против еден сторител во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215, а по редовна постапка ќе бидат поднесени 17 кривични пријави против 17 сторители по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест кривични пријави против шест сторители по член 396 за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против шест лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и два поднесоци по Закон за оружје.

ShareTweetShare
Previous Post

Здружението „ДОСТЕЛИ“ организира Хуманитарна акција – апел за помош на настраданите во Турција и Сирија

Next Post

Нахуел Франко е последното засилување за ФК „Академија Пандев“ во зимскиот преоден рок

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist