Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на тариторијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред седум денови, денеска се гасне со помош на хеликоптерите „Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош што ја доби нашата земја за гаснење на пожарите.
Веста ја потврдија и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и од ТППЕ Струмица.
„Денеска во раните утрински часови, тим од пет пожарникари-спасители учествува во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден за да им овозможат прецизна навигација на хеликоптерите“, соопштија струмичките пожарникари.
Ангелов изјави дека двата хеликоптери се упатени кон пожарот на Огражден, кој гори на надморска височина од 1.000 метри.
Од ТППЕ Струмица нагласуваат дека се работи за крајно недостапен терен, со екстремно високи температури, кои под влијание на големиот пожар имаат развиено специфична микроклима со температури преку 50 степени Целзиусови и засилен ветер.
Инаку, вчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од од пожарот, а денеска се продолжува со гаснење на југозападниот крак, веднаш до граничната линија со Бугарија.