Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека пожарот кој избувна вчера околу 13:30 часот кај месноста „Слобода“ во општина Василево и се закануваше кон селата Сушево, Владевци и Добрашинци е ставен под контрола. Поажарникари – спасители од ТППЕ Струмица во текот на ноќта постојано интервенираа, иако ветерот го движеше во повеќе правци, успееја да го спречат неговото понатамошно ширење.