Попладнето околу 16:30 часот во близина на Индустриската зона – Василево, избувнал пожар кој ги загрозил производствените погони. Пожарот со голема брзина дошол до самите објекти и постоеше голема опасност да ги зафати истите, посебно погонот за производство на био дизел, информираа од Противпожарната единица на Струмица.
По пријавата ТППЕ Струмица испратила 13 пожарникари – спасители со четири противпожарни возила и веднаш интервенирале на лице место и за кратко време успеале пожарот да го стават под контрола и целосно да го ликвидираат. Екипи од пожарникари – спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.