Попладнево околу 16:30 часот избувна пожар во зграда на улицата „Васил Сурчев“ во центарот на Струмица. Шест пожарникари со две противпожарни возила на ТППЕ Струмица веднаш интервенирале по пријавата. Пожарот бил во разгорена фаза, но со брзата интервенција пожарникарите не дозволиле истиот да се прошири кон други простории и станови. Направена е голема материјална штета. Причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.