Противпожарната единица на Струмица денеска околу 12:30 часот интервенирала во гасење на пожар во селото Костурино, каде биле опожарени помошни простории од семејна куќа. Во интервенцијата учествувале 7 пожарникари – спасители со две противпожарни возила. Пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон семејната куќа. Причинета е значителна материјална штета.
ФОТО: ТППЕ Струмица