среда, 9 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Погледнете го филмот „М” на Вардан Тозија вчерва во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица

вторник, 31 октомври, 2023 | 16:46
in Вести, Магазин, Струмица
Погледнете го филмот „М” на Вардан Тозија вчерва во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица

Најновото филмско остварување на македонскиот режисер Вардан Тозија „М” – дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Антон Панов” во Струмица. Вечерашната проекција ќе почне во 20:00 часот.

  • Надежта го одржа човештвото, но нè одведе предалеку. Ја уништивме планетата. Па се навртевме едни против други. Вистинското прашање е, кој го носи вирусот? Ние или тие? Тие се заразени со гневот, но не се напаѓаат едни со други. А ние, малкумината кои останавме, се’ уште се убиваме меѓу себе…

Вардан Тозија (1981, Скопје, Македонија) дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија, филмска и ТВ режија. Посетувал и предавања на правни и политички науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Режирал неколку кратки и документарни филмови и телевизиски серии, неговиот дебитантски игран филм АМОК (2016) премиерно бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, а бил селектиран и на повеќе од триесет филмски фестивали низ целиот свет, вклучувајќи го и фестивалот од А-листата во Шангај. АМОК доби значајно признание од филмската критика и се здоби со бројни награди. Филмот „М” е втор долгометражен филм на Тозија.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.

Актерската екипа која ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes”.

Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.

ShareTweetShare
Previous Post

Младите од општина Струмица повторно добија свое катче – отворен Младински центар

Next Post

Во четврток без електрична енергија Муртино и Свидовица

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Босилово

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција

среда, 9 јули, 2025 | 09:11
Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори
Вести

Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори

вторник, 8 јули, 2025 | 22:08
Владата обезбедува по 11.000 денари К15 за над 84.000 вработени во администрацијата
Вести

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

вторник, 8 јули, 2025 | 18:38
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Василево

Струмичанец со пушка пукал кон жители во битолско – при приведување со пушката им се заканувал на полициски службеници

вторник, 8 јули, 2025 | 14:12
Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник
Вести

Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник

вторник, 8 јули, 2025 | 10:47
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко

понеделник, 7 јули, 2025 | 15:17

ТОП ВЕСТИ

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава
Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко
Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist