СВР Струмица информира дека вчера околу 14 часот на крстосницата од булевар „Балканска“ и улицата „Крушевска Република“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „Фиат Пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.