СВР Струмица информира дека вчера утрото околу 07:00 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, на делницата од Ново Село до Сушица, Б.С.(26) од село Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала надвор од коловозот. По незгодата Б.С. била пренесена во болницата во Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.