Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека во ЈЗУ „Општа болница“ е донесен повреден М.М.(59) од Вељуса, струмичко кој, според пријавеното, вчера околу 13:00 часот додека извршувал градежни работи на објект во Струмица врз него паднал тврд предмет.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, а за настанот е известен и трудов инспектор, информираат од струмичката полиција.