Оваа година во месеците Април и Мај ќе има повеќе неработни денови. Според Календарот на Министерството за труд и социјална политика, освен однапред планираните неработни денови за празници ќе има и дополнително уште по еден неработен ден во овие два месеци поради одржување на Претседателски и Парламентарни избори кои годинава ќе се одржат во ден среда, наместо во недела.
Во месец Април неработни денови се:
10 април (среда) – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
24 април (среда) – Претседателски избори (гласање),
Во месец Мај неработни денови се:
1 Мај (среда) – Ден на трудот,
3 Мај (петок) – Велики Петок пред Велигден,
6 Мај (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден,
8 Мај (среда) – Парламентарни избори и втор круг од Претседателски избори (гласање),
24 Мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители.