Победа на 8-годишната Надица Велкова од Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица, на Европското шаховско првенство за деца што се одржува во Романија. Таа вчера по два часа игра успеа да ја победи Алики Чачали од Грција. Претходно Надица ремизираше против црногорката Василија Митровиќ по три ипол часа игра, беше поразена од израелката Брит Фајр со која играше речиси 3 часа.
Ова е прва европска победа на претставник на ШК „Цареви Кули“, кој постои веќе три години и е потврда за посветената работа со шаховскиот потенцијал што го има струмичкиот регион.