Одбојкарките на „Струмица жени“ со брилијантна игра во сите три сета, со водство во текот на целиот натпревар во големото финале од Купот на Македонија, со убедлива победа од 3:0 против девојките на „Јанта Волеј“ од Скопје ја освоија титулата, за прв пат во својата клубска историја.