Во неизвесна борба и резултат од 3:2 во сетови пионерите на ОК „Струмица Никоб“ ги надиграа своите врсници од ОК „Весна Пробиштип“ и го кренаа шампионскиот пехар.
Со шампионска титула „Струмица Никоб“ ја завршува сезоната и во пионерска и кадетска конкуренција
„Со освоени вкупно четири пехари освоен одбојкарски КУП на Македонија и шампионат на Македонија, ОК „Струмица Никоб“ запиша успешна одбојкарска сезона 2022/2023 година. ОК „Струмица Никоб“ продолжува и понатаму да создава одбојкарски шампиони со кои ќе се гордее Струмица“, велат од клубот.