Од комбе-автобусот кој се превртел на патот утрово во 06:20 часот кај мотел-ресторанот „Македонска куќа“, во кој се превезувале 25 патници, 15 лица се донесени во болницата во Струмица. Како што не информира директорката на ЈЗУ „Општа болница“, д-р Катерина Кузмановска, сите 15 лица се со лесни повреди, тројца се задржани на понатамошни прегледи, а останатите се пуштени на домашно лекување.