„После долги години, ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа во Струмица. Со ова, струмичани го срушија бастионот на СДСМ и докажаа дека волјата на народот е посилна од сè. Оваа победа е победа на граѓаните, на сите кои веруваа дека Струмица заслужува повеќе, подобро и поправедно. Голема благодарност до секој што даде поддршка, кој веруваше и стоеше рамо до рамо со нас. Следува период на многу работа, посветеност и реализација“ – изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков.