Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков кој на неодамнешните Локални избори доби огромно мнозинство на гласови од граѓаните на општината, пред малку го доби уверението за четиригодишниот мандат за градоначалник на општина Струмица од страна на претседателката на Општинската изборна комисија, Елисавета Пецева.
Новиот градоначалник Петар Јанков, напладне во кабинетот во зградата на Општина Струмица ќе ја преземе функцијата од досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов.
Претходно во 11:00 часот и новоизбраните членови на Советот на општина Струмица ќе ги примат уверенијата од Општинската изборна комисија, а деновиве се очекува и свикување на првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица.



































