петок, 19 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Патувачкиот караван на УСАИД по повод 30 години партнерство со Македонија беше во Струмица

среда, 9 ноември, 2022 | 19:04
in Вести, Струмица

Патувачкиот караван на УСАИД по повод 30 години партнерство со Македонија, кој одржува културни настани во повеќе градови во државата – „Инспирирај се за иднината“, денеска беше во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“.
На настанот беа презентирани активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД и јаснo ги манифестираа резултатите од долгогодишнитa работа, а со цел да се создаде средина во која секој ќе може да го оствари својот целосен потенцијал.
За јубилејот, за 30-годишното партнерство говореше Џери Дајбл од канцеларијата на УСАИД во Македонија, која истакна дека во изминатите 30 години, американската Влада, преку УСАИД обезбеди повеќе од 840 милиони долари за развојна помош во Македонија.
„Ја зајакнавме економската конкурентност, помогнавме да се отворат работни места и го зајакнавме претприемништвото и започнувањето бизнис. Ја промовиравме енергетската ефикасност, ја намаливме потрошувачката на енергија и помогнавме да се креираат политики за усогласување со регулативите на ЕУ. Го зајакнавме образовниот систем од основното, па се до универзитетското обрзование. Всушност, веројатно најголемиот дел од населението во оваа земја имало некаков контакт со УСАИД преку образовниот систем“ – кажа Дејбл.
Публиката на настанот во Струмица имаше можност да го проследи возбудливиот и интересен мотивациски говор на струмичанката Стела Пијанманова Стојаноска, „Партнерството е сила – создаваме подобра иднина“, која уште од 2000-та година соработува со УСАИД и преку учеството во многу проекти посетила 50-тина градови во 28 земји низ светот. Таа на младите има кажа никогаш да не се откажуваат, секогаш да веруваат во себе, да веруваат дека ќе успеат, да веруваат во сето тоа што си го поставиле како цел, како сон за животот. Нејзинот животно мото е „Стани порано и зграпчи го денот“.
Пред струмичани беа презентирани авангардните креации на средношколците од СОУ „Никола Карев“ од Струмица, кои беа направени од рециклирани материјали под менторство на младата и истакната дизајнерка Ирина Тошева, а изложени од средношколците од гимназијата „Јане Сандански“. Во фоајето на Центарот за култура еше поставена изложбата на фотографии, а мал концерт имаше студентскиот џез-бенд при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Како дел од одбележувањето на оваа 30-годишнина, УСАИД во соработка со општините, им овозможуваат на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат серија од осум мурали на темата „Партнерство за подобра иднина“, нацртани на видливи места во градовите каде што патува карванот. Во Струмица ваков мурал направи Сања Симоска, на ѕидот од ученичкиот дом на СОУ „Димитар Влахов“, спроти ТЦ „Глобал“.
ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ за посетата на премиерот Ковачевски на Струмица: Нема што да бара во Струмица, нема направено ништо за нашиот град

Next Post

Трибината на СДСМ во преполна спортска сала: Струмица е симбол на социјалдемократијата

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Синоќа кај брана Водоча во два одделни случаи фатени дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва

четврток, 18 септември, 2025 | 14:34
И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“
Вести

И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“

четврток, 18 септември, 2025 | 11:31
ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist