На предлог на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски доцна вечерва со 65 гласови, Собранието ги избра четворицата нови министри: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.