Во рамките на предизборната кампања за претстојните Претседателски избори, денеска кога во Струмица е пазарен ден, членови од раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја промовираа меѓу граѓаните Програмата на кандидатот за претседател од нивната партија, Гордана Силјановска Давкова.
„Кампањата на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова во Струмица утринава започнува од она што е симбол и живот на Струмица, нејзиниот пазар, нејзините свежи производи препознатливи надалеку“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бевме пречекани со раширени раце, бидејќи нашиот народ очекува нашата татковина повторно да биде горда“, кажа претседателот на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.