петок, 7 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Панел дискусија во Струмица: Има ли можности за Европска иднина на земјоделството во Југоистокот

четврток, 11 септември, 2025 | 09:37
in Вести, Струмица

Поголема информираност на фармерите за домашните и европските фондови за развој и унапредување на земјоделското производство, поголемо присуство на државните институции по руралните средини со советодавни услуги, обезбедување обртен капитал по поволни каматни стапки за земјоделците кои ќе инвестираат во агрокомплексот, презентација на успешни примери за современо и модерно земјоделско производство. Ова се дел од заклучоците од панел дискусијата на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“, што се одржа во Струмица во рамките на проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“, што го имплементира Здружението на граѓани „Медија Инфонет“ од Струмица.

Панелисти беа Стевче Јорданоски од Национална Федерација на фармери на Македонија, Драги Памуков од Асоцијација на земјоделски задруги, Борче Јанев од Здружението „Проагро Фармери“ од Струмица и Перо Николов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите тие ја потенцираа потребата од поттикнување на јавниот дијалог, вмрежувањето, но и зајакнување на врската на сите чинители во агрокомплексот со медимите и образованието. Потребата се наметнува бидејќи мора да постои проток на информации, соработка и размена на искуства за искористувањето на средствата што на земјоделците им стојат на располагање за осовременување на производството.

„Има искористеност на фондовите, но секако дека може и повеќе. Треба поедноставување на постапките пред се за индивидуалните земјоделци кои не се во можност и да работат на плантажите и да терат административни и бирократски постапки за добивање грантови, како од домашните така и од ИПАРД програмата. Консултантите тука треба да играат клучна улога, но пред се, државните земјоделски институции“ – кажа Стевче Јорданоски од Националната Федерација на фармери.

Борче Јанев од „Проагро Фармери“ соопшти дека постојат консултанти на располагање и кон нив не треба да се гледа со недоверба. Тие може да помогнат во средување на цела документација, но и изработка на потребните бизнис планови за аплицирање“ – кажа Јанев.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство тврдат дека како миниситерство се транспарентни и контуинирано ги објавуваат информациите кога станува збор за програми кои се во интерес на земјоделците. Организираат и каравани на кои се соопштуваат условите и постапките како да се аплицира, а преку Агенцијата за поддршка на земјоделството помагаат и за правење бизнис планови или проекти за искористување на расположливите средства.

„Медиумите имаат клучна улога. Ќе мора да презентираат добри практики, приказни со современо и модернизирано прозиводство. Проблемот што информациите од наша страна не стигнуваат до сите фармери, а кај дел постои и резервираност“ – кажа Перо Николов од МЗШВ.

На овој став беше и Драги Памуков од Асоцијацијата на земјоделски задруги. „Мора да има поголема присутност на добрите практики и инвоативни решенија во аграрот во медиумскиот простор“ – кажа Памуков.

Проектот „Поврзи го Југоистокот за Европска иднина“ има за цел  да ја „приближи“ ЕУ до граѓаните од Југоистокот преку едукативни работилници и медиумски продукти поврзани со ИПАРД фондовите што ги има Европската унија за македонските земјоделци, но и мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион, финансиран од ЕУ во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“, кој во земјава го спроведува Евротинк во партнерство со Алда и Бирц.

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

Next Post

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

Related Posts

Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
Вести

Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

четврток, 6 ноември, 2025 | 13:47
Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist