Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека вечерва околу 20:00 часот интервенирале на улицата „Ванчо Китанов“, каде дрво од дворот на некогашниот „монопол“ паднало врз автомобил паркиран на тротоарот. ТППЕ Струмица со едно возило и двајца пожарникари-спасители за кратко време го отстраниле дрвото од автомобилот и улицата.