четврток, 11 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ОЈО Струмица почна истражна постапка против 13 лица за нападот на полицискиот службеник во селото Баница

четврток, 24 август, 2023 | 13:03
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
ОЈО Струмица почна истражна постапка против 13 лица за нападот на полицискиот службеник во селото Баница

Основното Јавно обвинителство во Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според соопштението на ОЈО Струмица, сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР – СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – предмет на пријавено кривично дело „Кражба“. Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди, информираат од ОЈО Струмица.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

ShareTweetShare
Previous Post

Амбасадорката на Кралството Шведска е во посета на Струмица

Next Post

Го излажал дека ќе му помогне да добие социјална помош, му ја зел платежната картичка и му извлекол 30.250 денари

Related Posts

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist