четврток, 4 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Василево

Општините Струмица и Василево заедно ќе имплементираат проект „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“

вторник, 4 април, 2023 | 15:53
in Василево, Вести, Струмица
Општините Струмица и Василево заедно ќе имплементираат проект „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“
Општините Струмица и Василево заедно ќе имплементираат проект „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“
Општините Струмица и Василево заедно ќе имплементираат проект „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“
Општините Струмица и Василево заедно ќе имплементираат проект „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“

Од денеска започнува имплементацијата на проектот „Дигитализирано земјоделство, напредно земјоделие“. Со Договорот за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Василево, се поставува јасна функционална рамка која ќе биде од корист на младите претприемачи и земјоделци за зголемени приходи, а со тоа и за засилена локална и регионална економија на двете општини.

„Проектот претставува огромен чекор во интенцијата за регионален развој на општините во Република Северна Македонија и за мене, како прв човек на општина Струмица, остварување на целта – директна соработка помеѓу земјоделците и сите оние кои имаа желба и мотив тоа да им биде основна дејност, со локалните и државните власти и институции. Ова е вистинскиот начин за систематски, плански и со точна цел одење во прогрес, за поефективно и економски исплатливо земјоделие. Давам силна поддршка на проектот и ги охрабрувам сите заинтересирани, а посебно младите, да станат активни учесници“, кажа по потпишувањето на договорот градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

За градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов значајно е што со отворањето на овој Центар бенефит ќе имаат младите претприемачи и земјоделци, но и сите граѓани од двете општини.

„Значајно е што тука ќе се добива помош од страна на обучени лица за нивните бизниси со примена и користење на современите дигитални алатки. Овој Центар е многу значаен, бидејќи нашиот регион е пред се земјоделски и ние како општини посебен акцент ставаме на оваа гранка“, кажа Андонов.

Планирано е отворање на регионална канцеларија и обучен регионален центар за поддршка на бизнис заедницата за поддршка на претприемништвото, туризмот, земјоделството и за регионален развој на струмичкиот микрорегион (Струмица-Василево), со можност за идно проширување.

Во таа насока, двете општини стратешки ќе постават систем кој треба да служи за создавање и користење на нови дигитални алатки и можности, добри практики во процесот на развојот на современо, планирано, организирано и стандардизирано високо квалитетно земјоделско производство и тоа низ серија активности со фокус на едукација, унапредување и промоција на руралниот туризам и домашните земјоделски производи, стратешко планирање на современо, организирано и стандардизирано земјоделско производство, како и организација и учество на манифестации и саеми.

ShareTweetShare
Previous Post

Внимавајте ако патувате кон Суви Лаќи и Берово – одрони на овој патен правец

Next Post

Презентирана Нацрт-стратегијата за развој на образованието на Општина Струмица, за периодот од 2023 до 2027 година

Related Posts

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31
Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот
Вести

Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот

среда, 3 септември, 2025 | 09:00

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist