Општина Струмица започна со чистење на атмосферските канали во градот и населените места.
Во моментот се чистат каналот „Крушевска Република“, на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања и атмосферските канали во населеното место Муртино. Чистењето ќе продолжи на реката Тркања во опфатот на селото Градско Балдовци и отворениот дел од каналот „Крушевска Република“ во урбаниот дел од градот, информираат од општината.
Доколку дозволат временските услови ќе се работи и на реката Водочница во опфатот на град Струмица и другите атмосферски канали во населените места.