Општина Василево преку Министерството за транспорт и врски обезбеди средства за изградба на крак од фекален канализационен систем во населеното место Василево. Согласно Договорот се работи за крак во должина од 478 метри и буџет од 709.634 денари.
Во населеното место Василево во тек е и изградба на крак од фекалниот канализационен систем кај Домот на културата во должина од 753 метри.
„Моето ветување кога ја барав довербата од Вас, граѓаните на општина Василево беше дека посебно внимание ќе посветиме на изградбата на фекален канализационен систем. Ветувањето го реализаираме, постепено и во рамките на можностите, имајќи ја во предвид финансиската состојба, но и фактот дека претходно во населеното место Василево немаше изградено ниту еден метар од фекалниот канализационен систем. Во наредните денови ќе продолжи и изградбата на кракот до Домот на културата во Василево. Како и што ветив до крајот на мојот мандат во населеното место Василево ќе се изгради најмалку 60% од фекалната канализациона мрежа. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува. Продолжуваме за нашата општина Василево“, напиша на Фејсбук градоначалникот Славе Андонов.